вторник, 23 декември 2025

Ѓоковиќ потврди, нема да игра на турнирите во Индијан Велс и Мајами

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ беше на ждрепката за настап на турнирите во Индијан Велс и Мајами, но правилата во САД се јасни, странци кои не се вакцинирани не можат да влезат во земјата.
 
Српскиот тенисер не доби посебно одобрение за влез во САД, па преку социјалните мрежи информираше дека нема да игра.
 
„Автоматски бев ставен во ждрепката за турнирите во Индијан Велс и Мајами иако знаев дека нема да можам да патувам. Потврдено е дека правилата нема да се променат, па не можам да играм во САД. Со среќа на тие што ќе играат на овие големи турнири“, вели Ѓоковиќ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ