Постои можност за влез во Франција и играње на Ролан Гарос со потврда за прележан ковид-19, но таа не смее да биде постара од четири месеци.
Ова правило е дел од новите мерки кои ги донесе француската Влада, а на сила ќе стапат од 15 февруари.
Ролан Гарос започнува на 22 мај и ќе трае до 5 јуни. Потврдата за прележан ковид-19 која ја има Новак Ѓоковиќ е од декември, а тоа значи дека со неа нема да може да настапи на грен слем турнирот.
Доколку не сака да го пропушти и Ролан Гарос, Ѓоковиќ ќе треба да се вакцинира, или да чека надевајќи се на крај на пандемијата и укинување на мерките.






