среда, 24 декември 2025

Ѓоковиќ му понуди финансиска помош на украинскиот играч Сергеј Стаховски

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ му понуди финансиска поддршка и каква било друга потребна помош на украинскиот поранешен светски рекет број 31, Сергиј Стаховски, кој се пријави во армијата резервисти на својата земја поради руската инвазија.

Стаховски, кој освои четири АТП-титули и имаше шокантна победа над Роџер Федерер во второто коло на Вимблдон во 2013 година, минатиот месец им се приклучи на украинските резервисти, и покрај слабото воено искуство.

36-годишникот на Инстаграм објави скриншот од разговорот со Ѓоковиќ преку Вотсап, во кој српскиот светски рекет број два прашува за неговата ситуација и се надева дека работите ќе се смират.

„Те молам кажи ми која би била најдобрата адреса за испраќање помош… финансиска помош, исто така, каква било друга помош“, рекол Ѓоковиќ во пораката до пензионираниот Стаховски.

Стаховски објави на Инстаграм дека Украина е благодарна за понудата за помош од Ѓоковиќ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ