понеделник, 8 декември 2025

Ѓоковиќ можеби веќе никогаш нема да игра на Австралија опен

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ е деветкратен освојувач на Австралија опен, тој беше победник на последните три изданија на овој грен-слем, но австралиските власти одлучија дека тој не треба да игра оваа година затоа што не е вакциниран.
 
Според законот на Австралија, депортацијата значи и тригодишна забрана за влез во земјата, што значи дека Ѓоковиќ не би можел да игра и на наредните три турнири.
 
Новак во мај полни 35 години, додека да му истече забраната, тој ќе влезе длабоко во 38-та година и нејасно е на таа возраст дали уште би играл и на колку турнири годишно би учествувал.
 
Но ова не е дефинитивно, постои можност за исклучок, да не му биде дадена тригодишна забрана за влез во државата и Ѓоковиќ веќе следната година да биде дел од Австралија опен.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ