петок, 13 февруари 2026

Ѓоковиќ лажел во апликацијата? Властите на Австралија си најдоа нова причина да му ја укинат визата

Објавено на

часот

Сподели

Најдобриот светски тенисер вчера беше пуштен на слобода и почна да тренира откако судот му ја прифати жалбата.

Но битката само делумно е добиена, австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоух има право да му ја укине визата, и тој размислува дали да повлече ваков потег. И додека се чека неговата одлука, медиумите пренесуваат дека федералната Влада нашла нов пропуст на Србинот, односно тој лажел во апликацијата.

Во патната декларација, Новак Ѓоковиќ навел дека не патувал/или нема да патува 14 дена пред да се качи на лет за Австралија. Проблем е тоа што тенисерот е виден во родната Србија на 25. декември, а неколку дена подоцна отпатувал во Шпанија, од каде се качил на авион.

Па според ова, тој не навел точни информации и сега федералната Влада разгледува дали ова е доволно сериозен прекршок за да му ја укине визата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ