понеделник, 8 декември 2025

Ѓоковиќ ќе биде слободен, министерот не донесе одлука

Објавено на

часот

Сподели

Судот донесе одлука во полза на Новак Ѓоковиќ, но се очекуваше австралиските власти сепак да го искористат правото кое им го дозволува законот и да го депортираат.
 
Но, тоа денеска не се случи, австралискиот новинар Пол Сакал и останатите медиуми од оваа земја објавуваат дека министерот Хоук не донел одлука за депортација на Новак Ѓоковиќ што значи дека српскиот тенисер во моментов е слободен.
 
Сепак не е исклучена можноста Ѓоковиќ во наредните денови да биде депортиран од Австралија. Законот му дозволува на министерот за имиграции тоа да го направи во било кое време.
 
Самото тоа што министерот Хоук не го искористи денешниот ден за да го депортира Ѓоковиќ, влева оптимизам дека српскиот тенисер ќе настапи на Австралија опен.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ