понеделник, 8 декември 2025

Ѓоковиќ има тригодишна забрана за влез во Австралија

Објавено на

часот

Сподели

Австралија реши дека Новак Ѓоковиќ не е добредојден невакциниран во нивната земја и успеа да му ја укине визата и да го депортира.
 
Според законите на Австралија, тој со одлуката за депортација автоматски добива и тригодишна забрана за влез во земјата.
 
Тоа го потврди и министерката за внатрешни работи на Австралија, но рече и дека таа забрана би можела да се укине во зависност од околностите, и тој порано да влезе.
 
Секое барање за влез во државата се разгледува поединечно, па хипотетички доколку Новак Ѓоковиќ следната година поднесе барање за виза, случајот ќе се анализира и можно е да му биде даден позитивен одговор, со што ќе се укине забраната за влез. Но на хартија, според австралискиот закон, Новак Ѓоковиќ има тригодишна забрана за влез во Австралија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ