Услов за влез во САД за странски државјанин е да биде вакциниран, па настапот на Новак Ѓоковиќ на „Индијан Велс“ е неизвесен. Треба да добие посебно одобрение за влез.
„Новак Ѓоковиќ е на списокот за ждрепката. Во моментов сме во комуникација со неговиот тим, уште не е одлучено дали ќе добие одобрение за влез во земјава. Кога ќе имаме нови информации ќе соопштиме“, соопшти организаторот.
Ѓоковиќ е втор носител во ждрепката. Во моментов се играат квалификациите на турнирот. Доколку добие дозвола тој би настапил од второто коло кое нема да почне пред сабота.






