понеделник, 8 декември 2025

Ѓоковиќ доби српски тенисер за противник во првото коло од Австралија опен

Објавено на

часот

Сподели

Се уште е неизвесно дали австралиските власти ќе го депортираат Новак Ѓоковиќ, но ако тој настапи на Австралија опен противник во првото коло ќе му биде 78. рангираниот Миомир Кецмановиќ.
 
Доколку Ѓоковиќ и Надал ги победуваат своите противниците, би можеле да се сретнат во полуфиналето.
 
Рафаел Надал за противник го доби Американецот, Маркос Џирон кој е 66. на АТП листата.
 
Во оваа половина од ждрепката се и Александар Зверев и Матео Беретини.
 
Во другата половина од ждрепката како најголеми фаворити се вториот носител Данил Медведев и четвртиот Стефанос Циципас.
 
Медведев за противник во првото коло го доби Швајцарецот Лаксонен, а Циципас на стартот ќе игра против Имер од Шведска.
 
Целата ждрепка можете да ја погледнете на овој ЛИНК.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ