сабота, 14 февруари 2026

Го победи ракот и стана олимписки шампион

Објавено на

часот

Сподели

Макс Паро победи во сноуборд во дисциплината слоупстајл, тој беше пред кинезот Су Јиминг и својот сонародник Марк Мекморис.
 
Оваа победа на Макс Паро има посебно значање ако се знае дека во изминатите години водеше битка со ракот.
 
„Чувството е неверојатно. Толку нешта се случија во изминатите четири години. Последен пат кога бев на Олимпијада го освоив среброто, потоа морав да се борам со ракот, тогаш беше ноќна мора за мене, тешко ми е да опишам низ што се поминав“, изјави Паро.
 
„Борбата со ракот ме промени како личност. Сега не земам ништо здраво за готово. Уште повеќе го ценам секој момент кога ќе застанам на сноубордот“.
 
Неколку месеци по освојувањето на сребрениот медал на минатите олимписки игри, Паро дознал дека боледува од рак на лимфата. Поминал низ 12 хемотерапии за шест месеци. Но откажувањето никогаш не било опција.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ