среда, 11 јуни 2025
Србинот испиша нова историја

Ѓоковиќ со епски пресврт го победи Хуркач и стана третиот тенисер со 100 АТП титули

Новак Ѓоковиќ по три часа битка го совлада Хуберт Хуркач со 2-1 во сетови (5-7, 7-6 и 7-6) во финалето на Женева Опен и стана само третиот тенисер со 100 АТП титули.

Објавено на

часот

Сподели

По славјето на Олимписките игри во Париз во август месец минатата година, Новак Ѓоковиќ влезе во резултатска криза, особено се мачеше на земјена подлога, неодамна испадна уште на првите мечеви на Мастерсот во Монте Карло и Мадрид Опен.

Се чинеше дека популарниот Ноле ќе доживее нов неуспех и на Женева Опен, но Србинот со епски пресврти го совлада Хуберт Хуркач со 2-1 во сетови и дојде до својот 100. АТП трофеј.

Не само што успеа да се врати во мечот откако го загуби првиот сет, во третиот одлучувачки сет направи кам-бек од негатива 2-4 и ја завери победата по три часа и пет минути игра.

Со триумфот во Женева, Новак Ѓоковиќ стана третиот тенисер во историјата со 100 АТП титули, и им се придружи на Џими Конорс (109) и Роџер Федерер (103).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ