Од поодамна беше јасно дека Ѓоковиќ ќе го прескокне турнирот во Рим, а новост е дека ќе настапи во Женева.
Турнирот во Женева не е со голема традиција, ова ќе биде јубилејна десета година како се одржува. Ќе почне на 17 мај и ќе трае до 24 мај.
Покрај Ѓоковиќ на турнирот ќе настапат и некои други големи тенисери како Каспер Руд, Григор Димитров, Томаш Махач… околу 17 тенисери од топ 50 на АТП.
Турниот во Женева се одржува на една недела пред почетокот на Ролан Гарос.