Формула 1 доби нова ноќна трка, во 2023 година во календарот се враќа трката во Лас Вегас. За разлика од претходните две трки во „Градот на гревовите“ (1981 и 1982 година), болидите сега ќе „летаат“ покрај казината и хотелите.
ГН на Лас Вегас ќе се одржи во сабота во ноември месец, веројатно околу Денот на благодарноста.
Патеката ќе има 14 свиоци, три правци, еден круг ќе биде долг околу 6,12 километри и ќе се достигнуваат брзини од нешто над 340 километри на час.
Ова ќе биде трета Формула 1 трка во САД по Мајами и Остин.






