Македонскиот скијач, Дардан Дехари продефилира со македонското знаме на свеченото отворање на Зимските олимписки игри.
Во Пекинг, Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти, Ставре Јада и Ана Цветановска не беа дел од свечената церемонија поради близок контакт со позитивно лице на ковид-19.
Дардан Дехари ќе настапи во слалом/велеслалом на 13 и 16 февруари, Ставре Јада ќе настапи во дициплината спринт слободно 1,5км на 8 февруари и 50км слободно на 19 февруари, Ана Цветановска ќе настапи на 7,5км слободно + 7,5км скијатлон на 5 февруари и 10км класично на 10 февруари.







