Цветановска се натпреваруваше на крос кантри трката на 10 километри. Делницата ја мина за време од 39:57.07 минути. Го освои 95. место од 98 учесници.
Златниот медал го освои Норвежанката Тересе Јохауг со време од 28:06.03 минути, пред Керту Нисканен и Криста Пармакоски од Финска.
Претходно Цветановска требаше да настапи и на трката 7,5 + 7,5 км во скијатлон. Но поради ситуацијата со ковид-19, организаторот реши да го намали бројот на ученици, па македонската спортистка отпадна.






