Трикратниот шампион на Вимблдон и поранешен рекет број 1, Борис Бекер оди зад решетки, судот од Лондон денеска му изрече затворска казна од две ипол години.
Против него беа подигнати преку 20 обвиненија поради прекршување на законите за несолвентност откако Германецот прогласи банкрот во 2017. Тој прикрил имот и кредити во вредност околу 2,5 милиони фунти со цел да избегне плаќање на долговите.
Поголемиот дел од обвиненијата беа одбиени, но минатата недела Борис Бекер беше прогласен за виновен по четири точки а судот денеска донесе пресуда и му одреди затвор од 30 месеци, од кои ќе треба да отслужи барем половина.






