Тој за целата ујдурма ги обвини премиерите на Австралија и на сојузната држава Викторија Скот Морисон и Ден Ендрјус.
„Му се извинувам на Ѓоковиќ за односот кон него од страна на владите на Викторија и Австралија, кои ги повикувам да му се извинат на најдобриот тенисер во светот. Тоа што се случи е срам за нашата земја и нација. Тоа е чиста локална политика и вина на премиерот на Викторија Ендрјус и премиерот на Австралија Морисон, рече Кели во своето обраќање.
Тој упати прилично остри зборови за двајцата политичари.
„Обајцата се одговорни за овој одвратен срам што го предизвикаа. Тие не следат наука, не испитуваат докази, тие само играат политика. Тие ја посрамотија нашата нација во меѓународната политика. Австралиските политичари не ја кажуваат вистината, тие одбиваат да ја кажат вистината! Му се извинувам на Ѓоковиќ од името на Австралијците и австралискиот парламент! Му се извинувам на српскиот народ! Ова е срамота“, рече Кели.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=8sTFPVxqw_g autoplay:0]Министерот за имиграција Хоук денеска не донесе одлука за депортација на Новак Ѓоковиќ, рокот беше до 11.30 часот по средноевропско време, тој истече. Сепак не се исклучува можноста депортацијата да се случи во наредните денови.
Српската ѕвезда е рекорден деветкратен шампион на Австралија опен и го освојуваше турнирот во последните три години по ред.
Доколку се појави во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе има цел да го освои машкиот рекорд на сите времиња од 21 Грен слем.






