Ваучерите се даваат како поддршка од државата за спортот, АМС веќе традиционално дели клупски ваучери, ваучери за федерациите и за индивидуалните спортисти. Сумите се разликуваат во зависност од постигнувањата на оние кои ги добиваат.
Македонскиот ракометен шампион, Вардар доби најголем ваучер, сумата е 17,5 милиони денари или 284.000 евра. Еурофарм Пелистер доби милион денари помалку, 16,5 милиони денари, Металург кој го чека ваучерот за да ги исчисти долговите доби 12,5 милиони денари или 200.000 евра.

МЗТ Скопје како актуелен шампион на Македонија доби најголем ваучер од кошаркарските клубови, вредноста е 12,3 милиони денари, а двоцифрена бројка на милиони денари има уште и Работнички.


Во фудбалот двоцифрен ваучер доби само Шкендија, 10,8 милиони денари, Шкупи и Струга Трим Лум добија по идентични 9.850.000 денари.

Од спортските федерација и овојпат немаше ништо за ФФМ поради неусогласениот статут со законот за спорт.
Најмногу доби Ракометната федерација на Македонија, 15.800.000 денари, кошаркарската доби два милиони денари помалку, а двоцифрен број на милиони доби уште и Одбојкарската федерација на Македонија, 11.800.000.

Сите добитници на ваучери можете да ги видите на следниве линкови:






