четврток, 25 декември 2025

Ако Камила Валиева освои медал, нема да има церемонија за доделување медали

Објавено на

часот

Сподели

Судот за спортска арбитража во Лозана, пресуди во полза на 15-годишната Валиева и дозволи таа да го продолжи учеството на Зимските олимписки игри.
 
Но, МОК соопшти дека таа нема да се најде на церемонија за медали доколку освои медал. А нема да се одржи ниту церемонија за доделување на медалите во екипна конкуренција на која таа со селекцијата на Русија го освои златото.
 
„Во интерес на правичноста кон сите спортисти и Националните олимписки комитети, не би било соодветно да се одржи церемонија на медали за екипниот настан на Зимските олимписки игри во Пекинг бидејќи тоа би вклучувало спортистка која има позитивен А примерок, но тие прекршувања на антидопинг правилата се уште не се утврдени“ 
 
„Доколку г-ца Валиева заврши меѓу трите во женските натпреварувања во поединечна конкуренција, нема да се одржи церемонија на доделување на медалите за време на Зимските олимписки игри во Пекинг“, стои во соопштението на МОК.
 
Валиева била позитивна на 25 декември минатата година за време на руското национално првенство. Таа била позитивна на триметазин, лек кој се користи за лекување на ангина. Позитивниот тест беше потврден во лабараторија во Стокхолм но откако веќе почнаа Зимските олимписки игри.
 
Денеска Судот за спортска арбитража дозволи таа да го продолжи учеството на Олимпијадата. Но истрагата продолжува.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ