понеделник, 8 декември 2025

Трипл-дабл на Јокиќ, но Денвер загуби дома од Чикаго (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија оваа сезона, сепак тоа не беше доволно за неговиот тим да го добие дуелот со Чикаго, Денвер на свој терен загуби со 127-130.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот кошаркар постигна 36 поени, имаше 18 скокови и 13 асистенции, а одличен беше и Џемал Мареј кој имаше 34 поени и 11 поени, дабл-дабл учинок реализираше и Гордон кој даде 24 поени и имаше 10 скокови, но ваквите партии на трите ѕвезди на Денвер не беа доволно за да се победи тимската игра на Чикаго.

Биковите немаа кошаркар кој посебно се истакна, но го добија мечот. Најефикасни беа Досунми и Гиди со по 21 поени, овој вториот имаше и 14 скокови, Хоутер постигна 20 поени.

Резултати:

Кливленд – Милвоки 118-106
Детроит – Индијана 127-112
Филаделфија – ЛА Клиперс 110-108
Мајами – Њујорк 115-113
Торонто – Шарлот 110-108
Минесота – Далас 120-96
Њу Орлеанс – Оклахома 109-126
Денвер – Чикаго 127-130

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ