понеделник, 19 јануари 2026

Драма како за на филм: Сенегал на неверојатен начин стана шампион на Африка (ВИДЕО)

Сенегал по вторпат стана шампион на Африка откако во финалето го совлада домаќинот Мароко со 1-0 по 120 минути игра. На мечот се случуваше се и сешто.

Објавено на

часот

Сподели

Особено драматичен беше крајот на регуларниот тек од мечот.

Најпрво во 92. минута им беше поништен гол на Сенегал, а брзо потоа беше свирнат лесен пенал за Мароко.

Селекторот ги собра сенегалските фудбалери им нареди да го напуштат натпреварот, тие заминаа накај соблекувалната, но капитенот Садио Мане ги викна да се вратат. Неговата мисија успеа, Сенегал се врати.

Пеналот зема да го изведува Брахим Дијаз, сакаше да се направи фраер, шутна паненка кон средината на голот, но голманот на Сенегал остана на линијата и лесно ја зема неговата топка. Играчот на Реал Мадрид наместо да го донесе трофејот, тој се посрамоти.

Судијата свирна крај, па мечот отиде во две продолженија од по 15 минути.

Во четвртата минута од продолженијата Гаје даде прекрасен гол и му донесе водство на Сенегал од 1-0, тоа беше и конечниот резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ