сабота, 28 март 2026

Дориев: Македонија има квалитет, само треба добро да се вклопиме

Македонската фудбалска репрезентација без многу време за анализа на дуелот со Данска веќе е насочена кон следниот предизвик, гостувањето кај Ирска во вторник.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Гоце Седлоски ги продолжија подготовките со јасна цел да остават подобар впечаток по поразот во Копенхаген, а атмосферата во тимот останува на високо ниво и покрај стартниот неуспех.

Своето видување за натпреварот со Данска го сподели и напаѓачот Љупче Дориев, кој доби минутажа од клупата за резерви.

Мислам дека одигравме многу добро прво полувреме против Данска, но потоа се случи еден брз и неочекуван гол. Тоа беше на самиот почеток на второто полувреме и малку нè дестабилизираше. Се виде дека влеговме во шок и кратка деконцентрација, што противникот го искористи. Станува збор за квалитетна репрезентација, но од наша страна продолжуваме понатаму.

Нè очекува натпревар со Ирска и треба да гледаме напред, со кренати глави и со атмосфера на највисоко ниво. Верувам дека нè очекуваат добри натпревари. Ова е само почеток. Натпреварот со Данска беше прв со нов селектор, со нова визија и пристап. Имаме квалитет, само треба да го склопиме во целина“, изјави Дориев.

За гостувањето во Даблин, селекторот Седлоски ќе мора да направи корекции во составот бидејќи нема да може да смета на Александар Трајковски, Јани Атанасов и Бојан Миовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ