недела, 14 декември 2025

Донгмо: Сакаме победа и во Сан Марино

Фудбалерот на Вардар, Даниел Донгмо вели дека сакаат со уште еден триумф да го заверат пласманот во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар се чини дека работата си ја заврши уште во првиот меч кога славеше убедлив триумф со 3-0, но фудбалерите максимално ќе влезат на утрешниот реванш натпревар.

„Победивме 3-0 првиот меч и тоа е добар капитал пред утрешниот меч. Дојдовме тука да победиме. Ги респектираме, но секако ќе одиме на победа. Атмосферата во тимот е одлична, зборуваме цело време како ќе победиме и се надевам дека ќе го оствариме тоа“, изјави Донгмо.

Натпреварот меѓу Ла Фиорита и Вардар се игра утре (четврток) со почеток од 21 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ