Тоа беше лесна победа на Лејкерс кој водеше од почетокот до крајот и во лесен финиш дојде до триумфот. Дончиќ постигна 44 поени, имаше девет скокови и пет асистенции, најдобар кај Индијана беше Сиакам со 26 поени.
Денвер имаше лош ден иако тоа не може да се каже и за Јокиќ. Ја добија првата четвртина со 29-27, но потоа „успаа“ да загубат со безмалку 40 поени разлика, Њујорк си замина со триумф од 142-103.
Јокиќ пак беше најдобар на теренот со 38 поени, осум скокови и пет асистенции, но Србинот немаше поддршка од соиграчите, следниот најдобар стрелец на Денвер беше Мареј со само 12 поени. Најдобар кај Њујорк беше Ануноби со 34 поени.
Резултати:
Бостон – Далас 120-100
Шарлот – Мајами 120-128
Хјустон – Портланд 106-99
Денвер – Њујорк 103-142
Феникс – Њу Орлеанс 118-116
Сан Антонио – ЛА Клиперс 116-112
ЛА Лејкерс – Индијана 128-117






