Клиперси добро го почнаа мечот, ја добија првата четвртина со 38-37, но Лејкерс го свртеа резултатот во вториот дел и на полувреме имаа предност од 69-66. Во вториот дел само дополнително ја зголемија разликата за конечна победа од 135-118.
Дончиќ постигна 43 поени, имаше 13 асистенции и девет скока, одличен беше Ривс кој забележа 31 поен и девет скока, значаен допринос даде и Леброн Џејмс со 25 поени. Најдобар во составот на Клиперс беше Џејмс Харден со 29 поени.
Резултати:
Вашингтон – Атланта 132-113
Филаделфија – Орландо 103-144
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 135-118






