понеделник, 8 декември 2025

Дончиќ се врати и веднаш – трипл-дабл (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс победи на гостувањето кај Филаделфија со 112-108, тоа беше прв меч за Лука Дончиќ по паузата која ја имаше.

Објавено на

часот

Сподели

Словенецот минатата недела замина во татковината да присуствува на раѓањето на своето второ дете, но пристигна навреме за дуелот со Сиксерс и одигра извонредно. Стигна до својот втор трипл дабл ооваа сезона, постигнувајќи 31 поен, 15 скока и 11 асистенции, со шут од игра 9/24.

Фантастична партија имаше и Леброн Џејмс, кој постигна 29 поени, седум скока и шест асистенции. Лејкерс го свртеа натпреварот во третата четвртина, откако во еден момент губеа со двоцифрена разлика.

Домаќините се вратија во последните минути, израмнувајќи го резултатот на минута и пол до крајот, но потоа Леброн стапи на сцена со тројка и „долга двојка“, а во последните минути Дончиќ беше сигурен од линијата за слободни фрлања за конечен триумф на „езерџиите“.

Лејкерс се трети на Западот со биланс од 17/6, додека Сиксерси се седми на Исток со 13/10.

РЕЗУЛТАТИ
Јута – Оклахома 101-131
Филаделфија – ЛА Лејкерс 108-112
Чикаго – Голден Стејт 91-123
Шарлот – Денвер 106-115
Мемфис – Портланс 119-96
Торонто – Бостон 113-121
Њујорк – Орландо 106-100

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ