недела, 21 декември 2025

Дончиќ се повреди во дербито на Лос Анџелес (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс со убедливи 103-88 го победи Лејкерс, а овој натпревар го одбележа повредата на Лука Дончиќ кој го одигра само првото полувреме.

Објавено на

часот

Сподели

Поради повреда на коленото Словенецот не се појави во игра во вториот дел, мечот го заврши со 12 постигнати поени.

„Во моментов немаме прецизни информации. Сè што знам е дека станува збор за повреда на медијалниот менискус. Кон крајот на втората четвртина видов дека поткривнува и мораше да остане во соблекувалната“, изјави тренерот на „езерџиите“, Џеј-Џеј Редик.

Најефикасен на теренот беше Леброн Џејмс со 36 поени, но тие не беа доволни за триумф на Лејкерс, во составот на Клиперс најдобар беше Ленард со 32 поени и 12 скокови.

Резултати:

Денвер – Хјустон 101-115
Њу Орлеанс – Индијана 128-109
Филаделфија – Далас 121-114
Торонто – Бостон 96-112
Детроит – Шарлот 112-86
Мемфис – Вашингтон 122-130
Голден стејт – Феникс 119-116
Јута – Орландо 127-128
Сакраменто – Портланд 93-98
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 103-88

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ