недела, 15 март 2026

Дончиќ погоди за победа на Лејкерси во дуелот со Денвер и Јокиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по продолжение ги победија Денвер Нагетси (127-125) во НБА лигата.

Објавено на

часот

Сподели

Борбата на теренот во Калифорнија беше огромна, а на крајот домашната екипа во „Крипто.ком Арената“ се радуваше на победата. Херој беше Лука Дончиќ кој реализира шут за победа на половина секунда пред крајот иако беше добро затворен.

Сепак, најефикасен играч на мечот беше Остин Ривс кој заврши со 32 поени. Дончиќ го заврши мечот со 30 поени, 13 асистенции и 11 скока, а исто така „трипл-дабл“ забележа и Никола Јокиќ со 24 поени, 16 скока и 14 асистенции.

На останатите терени победи забележаа Орландо, Сакраменто, Клиперси, Филаделфија, Атланта, Сан Антонио и Бостон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ