среда, 10 декември 2025

Дончиќ не можеше сам, Словенија загуби од Полска

Полска направи изненадување откако со 105-95 ја совлада селекцијата на Словенија во првото коло на Европското кошаркарско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ беше убедливо најдобриот поединец кај Словенците, постигна 34 поени, имаше и девет асистенции, но тоа не беше доволно за старт со победа.

Вториот словенечки кошаркар по ефикасност имаше двојно помалку поени, Муриќ кој реализираше 17, Хорват имаше 15.

Најдобар кај Полска беше Лојд со 32 поени, Понитка постигна 23.

Денешниот ден како што заврши со изненадување, така и почна. Во првиот меч Грузија со 83-69 ја совлада Шпанија.

Босна и Херцеговина имаше добар настап, тие со убедливи 91-64 го победија Кипар. Грција со 75-66 славеше над Италија.

Франција со 92-64 ја доби пресметката со Белгија, а Израел со 83-71 беше подобар од Исланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ