вторник, 15 јули 2025
„Езерџиите“ ќе го градат проектот околу словенечкиот ас

Дончиќ ќе има две опции за нов договор со ЛА Лејкерс, ќе бира помеѓу 165 и 229 милиони

Медиумите од САД откриваат детали од преговорите помеѓу Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс, асот од Словенија ќе добие нов договор, една опција е тригодишна соработка тешка 165 милиони долари, а другата е четиригодишна соработка вредна 229 милиони долари.

ФОТО: X/Los Angeles Lakers

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ во февруари беше дел од шокантна трампа, Далас го испрати во ЛА Лејкерс (заедно со Макси Клебер и Маркиф Морис) а во спротивен правец се пресели Ентони Дејвис (задно со Макс Кристи и пик од првата рунда во 2029-та година).

„Езерџиите“ сакаат тимот да го градат околу словенечкиот ас, па веќе се водат преговори за нов договор.

Се шпекулира дека во игра се две опции, првата е тригодишен договор тежок 165 милиони долари, а втората е четиригодишна соработка вредна 229 милиони долари.

Двете опции се прилично богати, но се далеку помалку од она што можеше да го добие Лука Дончиќ доколку останеше во Далас – супер-макс договор вреден неверојатни 345 милиони долари за пет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ