петок, 20 март 2026

Дончиќ игра во неверојатна форма, му даде 60 поени на Мајами (ВИДЕО)

Лука Дончиќ игра фантастично на последните натпревар, а Лос Анџелес Лејкерс е во победничка серија од 8-0, ноќеска го совладаа Мајами на негов терен со 134-126, Словенецот постигна 60 поени.

Објавено на

часот

Сподели

Мајами имаше одличен почеток на натпреварот, ја доби првата четвртина со 42-29, но работите потоа се сменија, Лејкерс почнаа да ја топат негативата и на крајот го добија мечот со осум поени разлика.

Ова за нив беше осма победа по ред, а за ваквата серија најзаслужен е Лука Дончиќ кој игра во својата најдобра форма откако потпиша за Лејкерс.

Словенецот против Мајами даде 60 поени, имаше и седум скокови и три асистенции, уште една одлична партија имаше Леброн Џејмс кој постигна трипл-дабл со 19 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Најдобар кај Мајами беше Адебајо кој имаше 28 поени и 10 скокови.

Дончиќ е првиот кошаркар на Лејкерс кој постигнал 60 поени по Коби Брајнт во последниот свој меч во април 2016 година.

Резултати:

Шарлот – Орландо 130-111
Вашингтон – Детроит 95-117
Чикаго – Кливленд 110-115
Мајами – ЛА Лејкерс 126-134
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 105-99
Сан Антонио – Феникс 101-100
Јута – Милвоки 128-96
Сакраменто – Филаделфија 118-139

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ