вторник, 1 април 2025

Дончиќ и Леброн функционираат сѐ подобро, Лејкерс го победија и Њујорк (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја запиша и осмата победа по ред, овојпат по продолжение го совладаа Њујорк со 113-109, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс беа лидери во триумфот.

Објавено на

часот

Сподели

Двете мега ѕвезди почнуваат да функционираат сѐ подобро и подобро, а тоа полека го прави Лејкерс еден од фаворитите за титулата.

Одличната партија на Брансон кој постигна 39 поени, а имаше и 10 асистенции не беше доволна за Њујорк да ја прекине серијата на Лејкерс иако водеа и со 13 поени разлика.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 32 поени и 12 асистенции, додека Леброн Џејмс имаше 31 поен и 12 скокови.

Резултати:

Орландо – Чикаго 123-125
Атланта – Индијана 124-118
Бостон – Филаделфија 123-105
Бруклин – Голден Стејт 119-121
Њу Орлеанс – Хјустон 97-109
ЛА Лејкерс – Њујорк 113-109

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ