недела, 14 декември 2025

Дончиќ фантастично ја отвори новата сезона, но тоа не беше доволно за победа на Лејкерс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше фантастичен индивидуален почеток на новата сезона во НБА, но Лос Анџелес Лејкерс загуби на отворањето од Голден Стејт, шампионот Оклахома тргна победнички, по продолжение го доби Хјустон.

Објавено на

часот

Сподели

Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, имаше шут од игра 17/27 и 7/10 од линијата за слободни фрлања. Имаше и 12 скокови и девет асистенции, му недостасуваше само едно додавање за трипл-дабл.

Тој стана првиот играч на Лејкерс од Коби Брајант во 2007година кој сезоната ја почнал со 40+ поени.

Но, оваа партија на Дончиќ не беше доволна за победа на Лејкерс, Голден стејт во третиот период направија разлика од 10 поени која ја оддржаа до крајот за триумф од 119-109.

Во составот на Голден стејт најефикасен беше Батлер со 31 поен, Кари уфрли 23.

Оклахома дури по две продолженија го совлада Хјустон со 125-124.

Гилџус Александер беше најдобар во составот на Оклахома со 35 поени, страшна партија за Хјустон имаше Шенгун кој реализираше 39 поени, имаше 11 скокови и седум асистенции.

Резултати:

Оклахома – Хјустон 125-124
ЛА Лејкерс – Голден стејт 109-119

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ