недела, 14 декември 2025

Донарума потпиша со Манчестер Сити и го доби дресот кој му беше забранет во Франција

На последниот ден од летниот преоден рок, Манчестер Сити направи голманска рокада, го испрати Едерсон во Фенербахче и го донесе Џиџо Донарума од ПСЖ.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните“ на крајот од преодниот рок направија мала чистка, се разделија со тројца од старата гарда – Едерсон, Мануел Аканџи, а на излезна врата е и Илкај Гундоган.

Едерсон е продаден на Фенербахче, Мануел Аканџи е испратен на позајмица во Интер, додека пак Илкај Гундоган доби одврзани раце да потпише со Галатасарај.

Манчестер Сити од овие тројца донесе замена само за Едерсон и го ангажираше Џиџо Донарума од ПСЖ во зделка вредна околу 30-35 милиони евра.

„Потпис со Манчестер Сити е специјален и горд момент. Пристигнувам во тим полн со талент од светска класа и тим кој е предводен во еден од најголемите тренери во историјата. Ова е клуб за кој сака да игра секој фудбалер“ – вели Џиџо Донарума.

Во Манчестер Сити тој го одбра дресот со број 99, кој му беше забранет во ПСЖ. Правилата на Лига 1 налагаат дресовите за првиот тим да бидат со бројки од 1 до 30, а броевите 1, 16 и 30 се резервирани само за голманите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ