Трката имаше хаотичен почеток бидејќи најпрво Карлос Саинц мораше да се откаже откако му се запали болидот, а потоа следеше судир меѓу Макс Ферстапен и Кими Антонели.
Норис и Пјастри водеа жестока борба за првата позиција од самиот почеток, при што беа забележани големи возбудувања на патеката, а на крајот славеше повозрасниот возач од Мекларен.
Следуваа возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, во топ 10 завршија уште и Џорџ Расел, Лиам Лоусон, Фернандо Алонсо, Габриел Бортолето, Нико Хулкенберг и Естебан Окон.
THE TOP 10 FINISHERS 🤩#F1 #AustrianGP pic.twitter.com/gchYdCm78B
— Formula 1 (@F1) June 29, 2025
Фото: EPA Photo