Пред само пет дена Куманово го прегази Кожув со 99-66, но овојпат приказната беше поинаква, гевгелискиот тим славеше на меч кој ги однесе во полуфинале.
Кожув направи голема предност уште во првото полувреме кое го доби со 42-29, во вториот дел ја сочуваа предноста и славеа со 81-69.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стевановиќ со 24 поени, а Вилсон додаде 18. Во редовите на Куманово, најдобар беше Радукиќ со 20 поени.
Во полуфиналето Кожув ќе игра против Гостивар кој денеска го изненади ТФТ Скопје.