Паскал Грос ќе ја напушти Борусија Дортмунд и ќе се врати во Брајтон, клубот во кој ги одигра најдобрите години од својата кариера. Искусниот германски фудбалер ќе потпише договор со англискиот премиерлигаш по завршувањето на лекарските прегледи, кои се закажани за првите денови од 2026 година.
Грос токму во дресот на „галебите“ остави најдлабока трага, настапувајќи на 261 натпревар, при што постигна 32 голови и запиша 53 асистенции. По успешниот период во Англија, тој се пресели во Дортмунд, но сега повторно се враќа на „Амекс“, каде што има статус на миленик на навивачите.
Во текот на својата кариера, Грос настапуваше и за Инголштат, Хофенхајм и Карлсруе, а неговото враќање во Брајтон се смета за значаен потег и за клубот и за играчот.






