недела, 4 мај 2025

Договор на векот: Макс Ферстапен добил предлог тежок 300 милиони долари

Астон Мартин сака да го „украде“ Макс Ферстапен од Ред Бул и на Холанѓанецот му нудат фантастични 300 милиони долари (околу 264 милиони евра) за тригодишна соработка.

Објавено на

часот

Сподели

Астон Мартин со помош на Саудиска Арабија на Макс Ферстапен ќе му понуди „договор на векот“, ова денеска го објави Газета дело Спорт.

Државниот инвестициски фонд (ПИФ) веќе поседува 20% од Астон Мартин и преку компанијата Арамко е еден од главните спонзори на Ф1 тимот, но се очекува во иднина и во целост да го купи Ф1 тимот од канадскиот милијардер Лоренс Строл.

Астон Мартин изгради нова фабрика, нов воздушен тунел, нов симулатор, ги обезбеди услугите на најдобриот дизајнер во Формула 1, Адријан Њуи и сега целта е да се обезбеди и најдобриот возач на гридот.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Макс Ферстапен добил предлог тежок 300 милиони долари (околу 264 милиони евра) за тригодишна соработка, односно за сезоните 2026, 2027 и 2028.

Во моментов Холанѓанецот во Ред Бул има плата од околу 50 милиони евра по сезона, а предлогот на Астон Мартин е далеку подобар, односно 88 милиони евра по сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ