четврток, 11 декември 2025

Добри вести за Србија, Никола Јокиќ ќе игра на Евробаскетот

Американски новинар кој работи за Форбс ја израдува Србија, објави дека на престојното Европско кошаркарско првенство ќе настапи и Никола Јокиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Српската јавност е во исчекување дали најдобриот кошаркар во светот ќе игра за нивната селекција на Евробаскетот, вестите се позитивни.

„Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ ќе играат за своите национални тимови на престојното Европско првенство“, напиша новинарот Иван Сидери на социјалните мрежи.

Наскоро се очекува потврда за настапот на Јокиќ и од самиот кошаркар или од репрезентацијата.

Европското првенство ќе се игра од 27. август до 14. септември, а Србија ќе биде еден од главните фаворити за златото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ