недела, 13 јули 2025

Добри вести од ЕХФ, Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) денеска потврди дека Пелистер е еден од добитниците на вајлд-карта за учество во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај Пелистер на овој начин место во ЛШ добија и ГОГ (Данска), Нант (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Колштад (Норвешка) и Кјелце (Полска). Од претходно сигурен пласман имаа Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Фуксе Берлин, Магдебург, Веспрем, Висла Плок, Спортинг и Динамо Букурешт. „Вајлд-карта“ не добија Порто, Шафхаузен и Слован.

Ждрепката за групната фаза во ЛШ ќе се одржи в петок во Виена, каде што 16 екипи ќе бидат поделени во две групи по осум тимови.

Играњето на Пелистер во Лигата на шампионите е добра вест и за Вардар затоа што црвено-црните во ваков случај ќе се надеваат дека ќе добијат директно место во групната фаза од Европска лига (ЕЛ). Тоа немаше да биде случај доколку Пелистер не го повикаа во ЛШ, тогаш битолчани ќе беа тие кои ќе имаа групна фаза во ЕЛ.

Во текот на оваа недела со сигурност ќе се знае дали Вардар ќе добие директно место во Европската лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ