петок, 11 јули 2025

Добра ждрепка за Ѓоковиќ на Вимблдон, до полуфиналето нема да се сретне со Синер или Алкараз

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ може да биде задоволен од ждрепката на Вимблдон, нема да се сретне во воведните кола со двајцата најдобри тенисери во овој момент, Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ ќе стартува против Французинот Александар Милер кој во моментов е 40. играч во светот и загубил два натпревари на трева оваа сезона. Во второто коло Новак ќе игра со домашен играч, Ден Еванс или Џејк Кларк.

Ако нема изненадувања во третото коло може за противник да го има Алекс Микелсен чиј прв ривал е Миомир Кецмановиќ. Во осминафиналето прогнозата е дека ќе игра против Алекс де Минор кој на патот дотаму од потешките го има Томаш Махач.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ би играл со Џек Дрејпер кој на патот ги има Бублик и Меншик.

Ако стигне во полуфиналето би имал средба со Синер, а Алкараз е од другата половина и со него може да има дуел само во финалето.

Целата ждрепка може да ја видите на овој ЛИНК.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ