Во финишот од натпреварот напаѓачот се повреди, а првите вести дека ќе треба да се оперира. Тоа ги загрижи фановите бидејќи во неизвесност го стави неговиот настап на Мундијалот.
Сепак тој денеска дојде среќен на прес-конференцијата, ден по големиот успех и ги сподели добрите вести со јавноста.
„Нема да одам на операција, се надевам дека за месец и пол ќе се вратам на терените“, рече Џеко.
Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико почнува на 11 јуни.






