Тренерот на Челси, Лиам Росениор соопшти дека еден од капитените, Енцо Фернандез ќе биде суспендиран од клубот за следните два натпревари.
„Зборував со Енцо, како клуб донесовме одлука и тој утре нама да биде на располагање, како и против Манчестер Сити следната недела“, рече Лиам Росениор на средбата со новинарите.
„Разочарувачки е тој да коментира на таков начин. Како личност и карактер, немам лош збор за него, но сметам дека ја премина границата во однос на вредностите кои ги негуваме, па затоа моравме да го санкционираме – тоа е заедничка одлука што ја донесовме“.






