Се обвинува второлигашот за дејствување на резултатот, односно дека намерно загубил со висока разлика и на средбата паднале повеќе од седум гола. Наводно за натпреварот се забележани голем број уплати во обложувалниците на поголеми суми, а тоа ги запали „црвените аларми“.
Поради обвиненијата, Охрид преку социјалните мрежи ги отфрли обвиненијата.
„Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос се оградува од сите невистини и јавниот линч кој што се случува во текот на денешниот ден. ГФК Охрид е амбициозен клуб и проект со највисоки цели а ние како клуб сме на пат да го оствариме тоа за што сведочат и досега остварените резултати со кои се наоѓаме на првото место во втората фудбалска лига. Професионална должност на сите медиуми е да ги проверат информациите пред истите да ги објават. Во оваа прилика, би сакале да потенцираме дека во текот на целата сезона, ГФК Охрид беше цел на разни судиски неправди во голем дел од натпреварите а ние како клуб ниту еднаш не реагиравме и само сведочевме на нивната граница која што одамна беше надмината.
Ги повикуваме сите надлежни институции јавно да ги објават доказите за наводно примени пријави за сомнителни уплати и активности во текот на натпреварот со Работнички, во спротивно ќе сметаме дека ова е оркестриран напад од некој на кој што му пречи успехот на ГФК Охрид и ние како клуб сериозно ја разгледуваме можноста да превземеме соодветни правни механизми против сите инволвирани во оваа конструкција против нашиот клуб.
Клубот секогаш ќе вложува максимални напори за чист фудбал и за респект кон противниците и кон натпреварувањето и во таа насока апсолутно стоиме на располагање на Фудбалската федерација на Македонија за било каква помош и соработка“, напишаа од Работнички.






