Најмногу работа имаше по дуелот меѓу Вардар и Башкими. По претходната казна за вардарци со меч без публика, сега следуваа и индивидуалните санкции. Реџеп Мурати е суспендиран четири натпревари поради плукање на судија и директен црвен картон. Од таборот на Башкими, едномесечна суспензија добија и тренерите Флурим Имери и Сазан Љатифи.
Казни има и по средбата меѓу Работнички и Брера Струмица. Тренерот Муарем Муарем и тренерот на голманите Матеј Миленков се суспендирани по еден месец, додека Никола Пејовиќ ќе паузира еден натпревар поради исклучување во Купот.
Едномесечна суспензија заработи и Ромео Кочоски од стручниот штаб на Охрид, а Давид Матески ќе пропушти еден меч.
По еден натпревар пауза добија и Горан Томоски од Беласица и Лазар Гичев од Слога Виница.






