петок, 12 декември 2025

Динамо Загреб ѝ продава фудбалер на Барселона, познати се деталите

Според „Ел Мундо Депортиво“, Барселона и Динамо Загреб си подале рака за трансфер на 17-годишниот Кардосо Варела кој летово влезе во првиот тим на хрватскиот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата сезона Варела ја мина во младинската екипа на Динамо Загреб, а оваа се пресели во првиот тим иако од пред само два дена наполни 17 години. Тој веќе има пет настапи во хрватската лига и два во Лига Европа каде со гол го спаси Динамо од пораз против Малме.

Барселона за овој трансфер ќе плати пет милиони евра, плус можни уште 20 милиони евра во бонуси.

Варела би требало да остане во Динамо Загреб до крајот на оваа сезона, а потоа да се пресели во Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ