Ристовски во Динамо пристигна во 2021 година и со овој клуб успеа да освои осум трофеи, четири шампионски титули, два купа и два Суперкупа.
Динамо го напушта и со 185 официјални натпревари во кои постигна седум гола и подели 21 асистенции.
Од Ристовски хрватскиот гигант се прости со емотивно видео во кое беа прикажани и некои од најдобрите моменти на македонскиот фудбалер во Динамо.
Фото: Динамо Загреб