среда, 7 јануари 2026

Димитријевиќ потпиша со Баерн: Кога ќе ви се јави Пешиќ носите одлука без размислување

Кошаркарскиот клуб Баерн Минхен го потврди потписот со македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што беше веќе најавено, Македонецот потпиша договор до крајот на сезоната. Во истиот има и клаузула за продолжување на уште една сезона.

Во новиот клуб Димитријевиќ ќе го носи дресот со бројот „0“. Тој по потписот не го криеше задоволството за соработка со Светислав Пешиќ.

Баерн е одличен и респектиран тим, а кога ќе те побара тренер како Светислав Пешиќ е чест. Ова беше одлука која се носи без размислување. Сакав да се вратам во Евролигата и да помогнам на новиот тим да победува. Баерн има амбиции да ги освои трофеите во Германија и ќе се бориме за плеј-оф во елитното европско натпреварување“, прокоментира Димитријевиќ.

Во својата сениорска кариера Димитријевиќ тргна преку Хувентуд и Валенсија, а потоа се пресели во УНИКС Казан. Со рускиот тим ја освои ВТБ лигата и беше прогласен за МВП на плеј-офот. Следуваше авантура во Олимпија Милано, а последната полусезона ја мина во Зенит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ