четврток, 22 јануари 2026

Димитријевиќ: Кога Пешиќ ќе ве повика, тоа е голема чест и привилегија

Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ денеска беше промовиран како нов кошаркар на Баерн Минхен со кого потпиша договор до крајот на сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Димитријевиќ ја даде и првата изјава по потписот со баварскиот клуб.

„Баерн е одлична и многу почитувана организација, а кога тренерот Светислав Пешиќ ќе ве повика, тоа е чест и привилегија. Навистина сакав да се вратам во Евролигата и сакам да помогнам да се добијат што е можно повеќе натпревари веднаш. Тимот сака да ја освои титулата во домапното првенство и Купот и да се бори за место во плејофот во Евролигата до последниот натпревар. Ќе ја вложам целата моја енергија и борбен дух за да имаме шанса да победиме во секој натпревар“, рече Димитријевиќ.

Македонецот за Баерн Минхен ќе дебитира в среда на дуелот против Басконија во Евролигата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ