среда, 4 февруари 2026

Димитриевски фати пенал во елиминацијата на Валенсија од Купот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски одбрани пенал во поразот на Валенсија (1-2) во Купот на кралот од Атлетик Билбао.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Валенсија први примија гол, откако Умар Садик сам си ја стресе мрежата. Потоа истиот фудбалер успеа да стрела и за израмнување. Во вториот дел Атлетик доби пенал, а Димитриевски беше поуспешен од Јаурегизар.

Кога се чекаше крајот на средбата, Инаки Вилијамс во 96. минута успеа да го матира македонскиот голман за конечните 1-2 и елиминација на Валенсија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ